Велешката полиција приведе 35-годишен велешанец кој бил пријавен дека физички ја нападнал неговата 27-годишна сопруга.
„На 15.10.2024 во 00.40 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода
Ј.Ш.(35) од Велес затоа што физички ја нападнал неговата 27-годишна сопруга“, информираа од СВР Велес.
Ј.Ш. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на
настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.