Поранешниот селектор на женската ракометна репрезентација на Македонија, Владимир Глигоров е нов прдводник од клупата на екипата на Фруитленд Борец. Тој доаѓа на местото на Ивица Илиев кој ја извршуваше функцијата играч-тренер.
„Се повлекувам од функцијата тренер за да можам да се посветам максимално на теренот како играч, а на новиот тренер секако му посакувам успех“, изјави Ивица Илиев.
Последен ангажман на Глигоров е во женскиот тим на Спанга од Стокхолм, а беше на клупата на Металург РА, Радовиш, Кометал Ѓорче Петров, Голден Арт, Вардар Неготино, Кастриоти Феризај од Косово, како и на селекциите на Либан, Саудиска Арабија и Сирија.