Четири дена откако беше назначен за наследник на Ивица Илиев, Владимир Глигоров ќе дебитира во улога на тренер на велешкиот ракометен суперлигаш на натпреварот против Радовиш на гостински терен.
Велешани со новиот тренер направи позитивни промени кои може да донесат нов дух во тимот, како би се прекинала резултатската криза и конечно да им донесат нова радост на навивачите од гостувањето во Радовиш. Домашниот состав сеуште го нема почуствувано вкусот на победата, па затоа и се наоѓаат на последната позиција на табелата. Но и тие ја гледаат шансата против Фруитленд Борец да го забележат првиот триумф во сезоната.
Натпреварот Радовиш – Фруитленд Борец ќе се одигра во сабота во Спортската сала „25 Мај“ во Радовиш со почеток од 18 часот. Судии на натпреварот ќе бидат Виктор Начевски од Скопје и Даниело Божиновски од Битола.