Викендов на програмата од футсал првенството ќе се одигра 3 коло од Првата футсал лига на Македонија. Екипата на Кеги Моби гостува кај актуелниот шампион и победник на Купот на Македонија екипата на Форца 2015.
По две одиграни кола, екипата на Форца 2015 ја оправда улогата на претендент на титулата, совладувајќи ги Железарец со високи 11:1, и Осогово со 9:5. Велешани пак се наоѓаат во долниот дел од табелата со освоениот бод против Клими во минатото коло, а загуби на гостински терен од Осогово со 7:1.
Нaтпреварот ќе се одигра во спортската сала во „Фаик Коница“ во Слупчане со почеток од 17 и 30 часот.