Kozuvcanka Web Banner_600x200 Srekna nova 2025

Две работи кои децата никогаш не им ги забораваат на своите родители

Повеќето родители се трудат на своето дете да му го дадат најдоброто можно детство, но свесно или несвесно, прават грешки и предизвикуваат болка и длабоки емоционални рани, кои не зараснуваат дури и кога детето ќе порасне.

Zito akcija 640x289px

Можеби детето ќе може да ги разбере причините за таквите постапки на неговите родители кога ќе порасне, но има грешки кои децата, исто како и возрасните, ги паметат и тешко простуваат.

Овие две работи се најтешки за простување:

Неисполнети ветувања

Ако не постои начин да се одржи ветувањето, тогаш подобро е да не го давате. Ова е вистината што ни ја всадуваат возрасните од детството, нели? И тоа му го повторуваат на детето постојано, барајќи детето да си го одржи зборот и да ги исполни ветувањата.

Меѓутоа, и самите возрасни често ги кршат ветувањата, притоа секогаш наоѓаат изговори – не можеле, некои трети причини го спречиле тоа, родителите имаат толку многу проблеми што едноставно не можеле да стигнат на сите страни…

Не би поверувале колку долго децата знаат да веруваат во некои ветувања, а молкум да трпат секојдневно разочарување што тие не се исполнуваат.

Непочитување

Многу родители се држат до фактот дека децата се мали и ќе заборават на сè. Забораваат и дека децата не се еднакви со возрасните, па ги потценуваат нивните достигнувања и успеси кои се главно мали, исто како нив. Кревка, нежна и весела детска душа ќе сака да ја пофалите за нешто ситно, а вие мислите дека тоа не е ништо посебно и тоа го кажувате, не знаејќи колку го повредувате детето.

На пример, едно мало девојче сака да прави фустани за кукли. Родителите велат дека тоа е губење време, дека треба да се посвети на нешто покорисно. На почетокот тоа се фустани кои се распаѓаат, но со текот на времето стануваат подобри и поубави. Во зрелоста таа девојка прави голема кариера во светот на дизајнот, но секогаш носи еден грд спомен – нејзините родители никогаш не верувале во неа…

Затоа, внимавајте што им ветувате на вашите деца, како и што им кажувате за нивните страсти и хобија. Има добри шанси никогаш да не ви простат за вашите непромислени зборови…

Веста е преземена од: deca.mk

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира:

Picerija LEA
Последни вести
Најден хероин при преглед на возило на патарина
Филипче: Да ја споделиме радоста со нашите најблиски и да покажеме дека заедно можеме да создадеме подобра иднина
Мицкоски: Нека Божиќ ни даде нова сила да работиме заедно и да создаваме големи дела за доброто на сите граѓани