Илиев со гол од седум метри во последната секунда му донесе бод на Фруитленд Борец

Radovis Fruitlend

Во крајно неизвесна завршница, екипите на Радовиш и Фруитленд Борец ги поделија бодовите. Ивица Илиев со гол од седум метри во последната секунда му донесе бод на Фруитленд Борец.

Zito akcija 640x289px

Велешани подобро го отворија резултатот и има предност во текот на целото прво полувреме кое заврши со 15:11, во корист на Фруитленд Борец. Сепак во вториот дел понаква слика на теренот. Домашниот состав со поагресивна игра во одбраната полека ја топеше предноста на гостите, и во 48 минута веќе резултатот беше израмнет 21:21.

Agria

Од тој момент се играше гол за гол, а домашниот состав на една минута до крајот имаше предност од 29:27.  Велешани најпрво со гол од седум метри намалија на 29:28, а домашниот состав згреши во нападот по што следуваше драма на теренот. Домашниот играч Виктор Марковиќ на една секунда до крајот, направи прекршок по што доби црвен и син картон, па следуваше пенал за Илиев, кој го реализира за реми 29:29 и по еден бод за двете екипи.

Капитенот на Фруитленд Борец, Ивица Илиев, одново беше најефикасен и постигна 12 погодоци. Кај домашниот состав најефикасен беше Здравко Постолов, кој постигна 13 гола.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: