Реклама

Кавадаречанец обвинет за лихварство

lihvarstvo

Кавадарчанец му дал на заем 30 илјади денари на свој сограѓанин, но за тоа, му барал камата од 40 проценти месечно. Откако на 25 јануари му го дал заемот, кавадарчанецот досега наплатил само за камата околу 20 илјади денари. Пре пет дена, на неговиот должник му рекол дека треба да му исплати уште 16 илјади денари како камата. Ова ја прелила чашата, па должникот пријавил во полиција.

Zito akcija 640x289px

„Пријавениот на 25.01.2020 на лицето Х.С.(44) од Кавадарци му дал пари на заем со цел да се стекне со несразмерна имотна корист. За 30.000 денари му барал камата од 12.000 денари месечно, а досега наплатил околу 20.000 денари како камата, а на 22.05.2020 му барал уште 16.000 денари. Одделението за внатрешни работи Кавадарци поднесе Кривична пријава против М.Ф.(65) поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „лихварство“, казниво по чл. 260 од Кривичниот законик на РСМ“, соопшти портпатолот на СВР Велес Верољуб Додевски.

Agria