Екипата на Башкими и по 7 одиграни кола во Третата фудбалска лига – Југ, сеуште ја нема почуствувано горчината на поразот. Вчера на гостувањето кај Влазними Јуниор победија со резултат 4:1.
По два пати за екипата на Башкими стрелаа Зани Ахмедов и Лазами Лавдрим. По седум одиграни кола, екипата од село Јаболчиште се наоѓа на третата позиција со 12 освоени бода. Превалец ова коло беше слободен.
Во наредното коло Превалец ќе ја пречека екипата на Обршани, додека Башкими на свој терен ќе ја пречека екипата на Дреново.