Пингпонгарите на велешки “Борец-Тим” со половичен успех во второто и третото коло од Првата пингпонгарска лига на Македонија.
Најпрво во второто коло беа совладани од екипата на Студент со 4:1, а потоа го совладаа составот на Кочани со максимални 4:0. По три одиграни кола велешани се на делба на третата позиција со биланс од две победи и еден пораз.
За две недели, на 2 ноември, ППК “Борец-Тим” го очекуваат два натпревари и тоа со ППК “Дебар Маало” од Скопје и ППК “10 60 АС Ѓорче Петров” исто така од Скопје.