Урсула Фон дер Лајен денеска во посета на земјава

ursula fon der Lajen

Денеска премиерот Христијан Мицкоски ќе ја пречека претседателка на Европската Комисија на Европската Унија, Урсула Фон дер Лајен.

Zito akcija 640x289px

Според информациите од Владата, пречекот е закажан за 11:20 часот, додека пак во 11:30 часот предвидена е и тет-а-тет средба.

Agria

Потоа, во 12:40 часот предвидена е заедничка прес-конференција на Мицкоски и Фон дер Лајен во Медија центарот на Владата.

Фон дер Лајен во скопје доаѓа од Тирана, која беше прва станица од нејзината турнеја на регионот. На заедничката прес конференција со Еди Рама, таа изјави дека на западен балкан почнал да дува ветар на промени и нагласи дека проширувањето на европската унија ќе биде еден од нејизните врвни приоритети. Следни станици на нејзината турнеја ќе бидат Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: