Кадетите на Фруитленд Борец со победа го почнаа настапот во лигата

RK Borec RK Bisinov kadeti

Кадетите на Фруитленд Борец победнички го почна настапот во ракометната кадетска лига, откако на стартот од првенството го совладаа составот на Вардар 1961 со резултат 35:28.

Велешките ракометари фуриозно го започнаа натпреварот, и уште од стартот го преземаа водството кое не го испуштија до крај. Гостите од Скопје парираа резултатски до 10:8, кога полека домашниот состав резултатски се одлепуваше. На полувреме се замина со предност од 18:14, а во вториот дел предноста само се зголемуваше.

Agria

Стефан Стојанов ја наполни мрежата на Вардар 1961 со десет постигнати погодоци, а осум погодоци постигна Лука Станковски. Кај гостите најефикасен беше Васко Ангелески со шест постигнати погодоци. Во наредното коло Фруитленд Борец гостува во Штип кај екипата на Текстилец.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира:

Picerija LEA
Последни вести
Познат е распоредот во ПЛ за сезоната 2025/26: На стартот веднаш дерби
Директорот на БЈБ во Велес: На патиштата има се’ повеќе тешки сообраќјни несреќи, неопходно е засилување на реакцијата на терен
Туфегџиќ бара ослободување на таткото на Вања: „Обвинителот се обиде да го претстави како нарко-зависник и неработник кој сакал само да дојде до пари“