Инспекторите на АХВ не поднеле ниту една пријава против операторите со храна во Велес годинава. Од почетокот на годината, ветеринарите и инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спровеле вкупно 1015 контроли на територијата на Општина Велес. Од нив, 369 биле кај оператори со храна од неживотинско потекло, додека 646 биле кај оператори со храна од животинско потекло.
Од вкупниот број инспекции, 205 биле редовни, 44 контролни, и 66 вонредни. Според податоците на АХВ, до сега не се изречени мерки за едукација, ниту се поднесени прекршочни или кривични пријави. Дополнително, не е евидентирано уништување на небезбедна храна на територијата на Велес.
Издадени се вкупно 31 инспекциска мерка, главно насочени кон отстранување на помали недоследности. Овие забелешки вклучуваат недостатоци како непоседување санитарни книшки за вработените, незавршени курсеви за хигиена, непочитување на добрата производствена и хигиенска пракса, како и неажурно водење на записи.