Во сабота во спортската сала „Гемиџии“ ќе се одигра меѓународен турнир на ракометни ветерани „Велес 2024“ на кој ќе настапат екипите на Борец и Кастриоти од Урошевац, Косово.
Турнирот ќе се одржи по повод 9 Ноември, Денот на ослободувањето на Велес, а во организација на на Здружението на спортски ветерани на Велес, и Општина Велес.
Овој турнир се одржува по четврти пат. Натпреварот ќе започне во 12 часот а влезот е слободен.