Реклама

Текстилните конфекции ново жариште на коронавирусот

tekstilni-rabotnici-stip-1

Мерките се олабавија, бројот на заболени од корона вирус во Штип порасна. Денес според информациите од Центарот за јавно здравје се регистрирани девет нови случаи. Седум се текстилни работнички. Со тоа бројот на текстилни работнички болни од Ковд 19 се искачи на 17. Сите се од истата конфекција. Останатите се поврзани со веќе познати кластери, но за два случаи се уште се утврдува од каде го добиле вирусот. Новозаболените во изолација испратија околу 130 луѓе, но од Општинскиот кризен штаб велат иако бројот ќе расте нема место за паника.

Zito akcija 640x289px

“Очекуваме дека и во наредните денови , бидејќи има повеќе тестови, а и ќе се тестираат повеќе луѓе, за очекување е да се појават дополнително нови случаеви, но јас верувам дека ќе се запре кругот, се со цел овие препораки повторно да ги почитуваме. Велам повторно бидејќи имав чуство дека во последниот период недоволно се почитуваа мерките”, изјави Благој Бочварски градоначалник на Општина Штип.

Agria

Конфекцијата од каде се заболените работничките е затворена. Засега нема потврдени случаи на вирус во останатите две текстилни фабрики со кои заразените заедно оделе на работа.

Автобусите од Центарот за јавно здравје и Државниот здравствен и санитарен инспекторат беа посочени како опасност на ширење на заразата со оглед на тоа дека со нив се превезуваат работнички од три различни конфекции. Сепак контролата покажа дека во нив се почитуваат здравствените мерки.

Засега на инфективното одделение во Штип се хоспитализирани девет лица од нив четири се текстилни работнички, дали тој број ќе се зголеми ќе се знае откако ќе завршат целосните прегледи на новорегистрираните случаи. Вчера директорот на Клиничката болница од Штип рече дека имаат капацитет од 33 легла и се подготвени за евентуално поголем број заболени.

“Ќе ги искористиме сите капацитети што ги имаме. Дај боже да не треба да ги користиме. Ако се јави и таква потреба ќе се адаптираме на ситуацијата што ќе ја имаме”, вели Ален Ѓоргиев директор на Клиничка болница Штип.

Неофицијално во Штип ќе пристигнат и епидемиолози од Скопје за да се процени состојбата и да се утврди дали ќе треба засилување на здравствените мерки.