Васил Зафирчев ја доби наградата за најдобра споредна машка улога на Пирс Гејвстон во претставата “Едвард втори” , додека награда за најдобра главна женска улога за Јована Миладинова за улогата на Изабел де Валоа во претставата “Едвард втори” на 20. Меѓународен фестивал на актерот во Никшиќ, Црна Гора.
Во образложението на жири комисијата во состав Зијах А. Соколовиќ, Весна Чипчиќ и Милош Латиновиќ, стои дека Васил Зафирчев го креира ликот на Гејвстон со особена сценска лирика, но и со прецизни актерски средства кои се потпираат на кореграфија и сценско движење.
За Јована Миладинова во образложението жири комисијат се вели дека таа храбро исчекорува од просторот на својот моментален животен хабитус и смело се препушта на значајна режисерска постапка и на фасцинантен начин, низ збор, движење и енергија, го креира ликот на Изабела, жена распната помеѓу љубовта, страста, но и желбата за власт и висините на моќта.
Претставата “Едвард Втори” според К. Марлоу, е во режија на Андриј Жолдак, копродукција меѓу НТ ЈХК Џинот, Велес, Р. С. Македонија и Драмски театар Н. О. Масалитинов, Пловдив, Р. Бугарија