Вчера од страна на полициски службеници од Полициското одделение Чашка, бил приведен 21-годишниот Д.Ј. од село Сливник, извести СВР Велес.
Имено, полициските службеници, во содејство со преставници од Шумска полиција Велес, а по претходно одобрение од Д.Ј., влегле во дворот од неговиот дом, каде што пронашле огревни дрва без документација, соопшти СВР Велес.
Дрвата биле одземени и предадени на Шумска полиција, а за настанот бил известен јавен обвинител. По
целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.