Јане Стојанов е новиот претседател на ОО СДСМ – Велес

40- годишниот Јане Стојанов е новиот претседател на Општинската организација на СДСМ Велес. Тој на оваа функција доаѓа со решение од партискиот лидер на партијата, Венко Филипче но и со поддршка од локалното членство.

Zito akcija 640x289px

„ОО СДСМ Велес доби нов претседател кој ќе ја врати партијата на победничките патеки. Заедно сите здружени, сплотени, да ги менуваме работите во општината кон подобро, велат од ОО СДСМ Велес.

Agria

Тој по професија е дипломиран економист, член е на Социјалдемократскиот сојуз од 2001 година, а до сега извршувал повеќе партиски функции. Тој во моментов е раководител на РРК Велес.

Стојанов кој е добро познат на велешката јавност,  жешкото столче го наследи од сега веќе поранешната претседателка Даница Чадиева.

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: