После еднонеделната пауза за репрезентативни натпревари на сцена се враќа клупскиот ракомет. Ракометарите на Фруитленд Борец на домашен терен ќе го пречека составот на Тиквеш.
Велешани на 10 натпревари остварија само една победа, а натпреварот со екипата на Тиквеш за нив ќе биде императив да им се вратат на победите во суперлигашкото друштво. Кавадарчани пак се наошаат на шестата позиција натабелата со скор од четири победи, пет порази и еден нерешен исход, и на овој натпревар ќе бидат засилени со новото засилување, средниот бек Даниел Андоновски.
Натпреварот против Тиквеш ќе се одигра во сабота, во спортската сала „Гемиџии“ со почеток од 18 часот. Билетите за овој натпревар ќе чинат 50 денари.