Пионерите на Фруитленд Борец го забележаа вториот пораз во првенството. Екипата на Еурофарм Пелистер 2, која е и лидер на табелата, високо го совлада домаќинот со резултат 25:8.
Уште од самиот старт гостите покажаа дека се поквалитетна екипа, и на полувреме веќе имаа предност од плус 10, 14:4. Вториот дел беше само рутина за битолчани кои ја полнеа мрежата на домашниот состав.
Најефикасен кај домашниот состав беше Ѓоргија Амбарков со три постигнати погодоци, кај гостите Китевски, Христовски и Мачковски постигнаа по пет погодоци. Во наредното коло Фруитленд го пречекува составот на Тиквеш.