Скандалозно однесување на полицајка од Куманово. Возела автомобил со нозе преку прозор и качени на управувач – се снимала, а видеото потоа се раширило со споделувања и по социјалните мрежи.
Oд снимките се гледа дека видеото е снимано на автопат, а празните коловозни ленти ја отвараат и дилемата дали тоа можеби се случувало и за време на полициски час? Видеото кое беше доставено до Телма по социјалните мрежи почнало да се споделува на 11 и 12 Мај.
Oд МВР потврдија дека станува збор за Д.Ј. и соопштија дека добила укажување за недолично однесување. На прашањето на Телма , што ќе биде преземено од МВР одговорија: “Ве известуваме дека од одговорните таа беше повикана во СВР Куманово, при што и беше укажано за недоличното однесување. Бидејќи станува збор за полициски службеник од страна на СВР- ПС-ОН Куманово ќе биде известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди за превземање на понатамошни мерки“.
Извор: libertas.mk