Голманот на кавадаречкиот ракометен суперлигаш, Игор Арсиќ, со 17 одбрани го сопре нападот на Фруитленд Борец и му го нанесе деветиот пораз во првенствот, а Тиквеш го забележа петиот триумф во првенството 33:22.
Велешани како во грч го започнаа натпреварот, па по почетните 1:4, тренерот Владимир Глигор побара тајм аут. Тоа вроди со плод, Фруитленд Борец израмнија на 6:6, а беше и 7:7, но тоа беше се од нив. Арсиќ ја спушти ролетната на голот, па на полувреме се замина со предност на кавадарчани од 18:11. Во вториот дел иста слика на паркетот цо спортската сала „Гемиџии“, па домашниот стратег им даде поголема минутажа на младите ракометари.
Најефикасен кај велешани беше Ончев со седум постигнати погодоци, додека кај Тиквеш се истакнаа Кристијан Анастасовски и Срѓан Мијатовиќ со по шест гола. Веќе наредниот викенд започнува вториот круг од Ракометната Супер лига, во Велес ќе гостува екипата на Струга.