Македонците во Хрватска и оваа година организираат Рацинов ден во Самобор

По повод 85-годишнината од издавањето на збирката поезија од Кочо Рацин „Бели мугри“, денеска во Самобор, заедницата на Македонците во Република Хрватска и МКД „Охридски бисер“ од Загреб, организираат културна манифестација „Рацинов ден – Бели мугри“.

Zito akcija 640x289px

Традиционалниот собир и годинава ќе почне со положување венци и цвеќе на бистата на Кочо Рацин во паркот на Музејот, со почеток во 13:30 часот.

Кочо Рацин, нелегално ја отпечатил својата стихозбирка „Бели мугри“  пред 85 години во Самобор. Затоа македонската заедница секоја година се собира на Рациновиот ден, организирајќи културен настан во Самоборскиот музеј.

Agria

На настанот, предавање за животот и делото на Кочо Рацин ќе одржат професорите Игор Деспот, Горан Коров и Ивана Брезовец. Учениците кои следат настава по македонски јазик по модел Ц во Хрватска, ќе рецитираат поезија на Рацин.

Покровител на настанот е Советот за националните малцинства на РХ и Самоборскиот музеј.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: