Опозициската СДСМ на 30 Конгрес избира ново раководство на партијата

sdsm

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска го одржа продолжението на 29 конгрес на партијата, кој беше прекинат на 9 Јуни затоа што немаше кворум, пред почетокот на 30-от. На 29-от конгрес беше изгласана недоверба на Централниот и Надзорниот одбор, а беше и констатирана оставката на потпретседателката на партијата Сања Лукаревска.

Zito akcija 640x289px

Исто така, беше усвоен и извештајот за големиот неуспех на партијата на парламентарните и претседателски избори одржани пролетта годинава.

Agria

29 конгрес донесе одлука за измена на Статутот на партијата во делот кој се однесува на изборот на заменик претседателот на партијата. Според измените, се воведува родова еднаквост на двете највисоки партиски функции, односно претседателот и неговиот заменик ќе бидат од различен пол.

Со овие одлуки СДСМ го затвори 29-от конгрес, и започна со одржувањето на 30 конгрес на кој ќе бидат избрани новите членови на партиските органи, Централниот одбор, Надзорниот одбор, Генерален секретар и двајца организациони секретари. Спротивно на иницијалните најави, денеска исто така ќе биде избран и потпретседател на партијата.

Според неофицијални информации до кои дојде Телма, сите досегашни членови на партиските органи се повлекле од конкуренција за резибор, односно на сите овие позиции ќе бидат избрани нови имиња.

На пролет, односно во Март догодина, СДСМ ќе организира избори за нов лидер, откако на актуелниот Венко Филипче му истекува мандатот, потврдија за Телма од партијата.

Инаку, за разлика од неуспешниот почеток на 20 Конгрес на 9 Јуни годинава, кој беше прекинат порадаи недоволниот број на присутни делегати, овој пат присуствуваат над 85% од делегатите, односни 536 од вкупно 626 делегати.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: