Ливчето со нова изјава ми го подметна Палчо во комбе за да го потпишам, тврди Кешишев

Vlatko Kesisov ubiec na Vanja

Ливчето со нова изјава ми го подметна Палчо во комбе за да го потпишам, тврди Кешишев. Нов пресврт во судењето за убиствата на Вања и Панчо

Zito akcija 640x289px

Изјавата не е моја, рече обвинетиот Влатко Кешишев на денешното рочиште, во која тврдеше дека првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо воопшто не бил присутен за време на грабнувањата и убиствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска и на 74 годишниот Панче Жежовски.

Agria

Палевски за време на транспортот од затворот до Кривичниот суд му дал лист хартија со изјавата, му рекол само да ја напише со негов ракопис и да ја предаде во судот. Кешишев тоа го направил од страв.

“Изјавата не е моја. Ми беше дадено напишано ливче. Еден од обвинетите ми го даде. Љупчо Палевски Палчо Палчо за со мој ракопис да го напишам и да ја предадам  на вас”, рече Кешишев пред судот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: