Кадетите на Фруитленд Борец дојдоа до петиот триумф во кадетската ракометна лига, откако на гостувањето во Богданци кај Младост славеше со 26:36.
Домашниот состав даваше отпор само до резултат 7:7, но од тогаш на паркетот постоеше само еден тим, Фруитленд Борец. На полувреме се замина со предност од плус четири за велешани, 13:17, а до крајот на натпреварот само ја зголемуваа својата предност за конечни 26:36.
Најефикасни кај гостинскиот тим беа Борјан Вељановски и Давид Стојанов кои постигнаа по осум гола. Кај домаќините одличен натпревар одигра Никола Тасев кој постигна 13 погодоци. Во наредното коло Фруитленд Борец го пречекува составот на Текстилец од Штип.