Во рамките на 8-то коло од првата пингпонгарска лига на Македонија, велешките пингпонгари остварија значајна победа против екипата на ППК “Куманово” со резултат 4:2. Две рутински победи за ППК “Борец-Тим” оствари капитенот Вили Ангелов со максимални 3:0. Во победата учествуваа и Филип Терзиовски, како и Ване Трајковски со по една победа.
Во 9-то коло “Борец-Тим” загуби од лидерот на табелата ППК “Работнички” од Скопје со резултат 4:1. Играчите на велешкиот тим одлично ги одиграа сите напревари, но сепак квалитетот на крај одлучи за победникот. Единствената победа за “Борец-Тим” ја оствари јуниорот во тимот Димитар Николовски.
На крајот на есенскиот дел од првата лига, ППК “Борец-Тим” се најде на осмото место на табелата со 3 победи и 6 порази. Пролетниот дел од првенството ќе донесе тешки искушенија за велешките пингпонгари во обид да се задржи прволигашкиот статус.