Делегација на Општина Велес присуствуваше на одбележувањето на 85-тата годишнина од издавањето на збирката „Бели Мугри“ на основноположникот на македонската современа литература, велешанецот Коста Солев Рацин. Традиционалниот собир и годинава почна со положување венци и цвеќе на бистата на Кочо Рацин во паркот на Музејот во хрватскиот град Самобор, близу Загреб, каде што на 25 ноември 1939 година, во печатницата на Драгутин Шпулер во 4000 примероци е збирката е испечатена збирката.
На настанот, предавање за животот и делото на Кочо Рацин одржаа професорите Игор Деспот, Горан Коров и Ивана Брезовец. Учениците кои следат настава по македонски јазик по модел Ц во Хрватска, рецитираа поезија на Рацин. Годинешниот настан беше во организација на Заедницата на Македонците во Хрватска и МКД „Охридски бисер” од Загреб.
Гости на настанот беа македонскиот амбасадор во Загреб, Милаим Фетаи, хрватскиоит европратеник Давор Стиер, претседателот на Градското собрание на Самобор Миран Шоиќ, а делегацијата на Општина Велес беше во состав: Коста Нојков – член на Советот на Општина Велес и заменик градоначалник и членовите на Советот на Општина Велес Пандорка Прличкова, Игор Стојанов и Менче Андреева.
Делегацијата на Општина Велес ја искористи оваа посета да го посети гробот на велешанецот Панко Брашнаров, човекот кој го отвори Првото заседание на АСНОМ и на гробиштата Мирогој да положи свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште.