Во доста возбудлив, и до крај неизвесен натпревар, ракометните пионери на Фруитленд Борец им возвратија на младите ракометари на Тиквеш за поразот во првото коло и ги совладаа со резултат 18:16, полувреме 9:8.
Велешани поведоа уште од самиот старт, и тоа водство до крај не го испуштија. По почетните 3:1, се играше постојано гол, за гол од двете страни. Кавадарчани успеаја да израмнат на 16:16, на 50 секунди до крајот на натпреварот, но домашниот состав најпрво прку Амбарков поведе на 17:16, а Јакимовски ја запечати победата.
Најефикасен на овој натпревар кај велешани беше Амбарков со шест постигнати погодоци, додек кај тимот од Кавадарци Марио Ѓорѓиев постигна осум погодоци. По шест одиграни кола младите ракометари на Фруитленд Борец се на делба на втората позиција со екипата на Тиквеш. Во следното коло пионерите на Фруитленд Борец се слободни.