Срамни сцени синоќа се случија во Скопје кога во неколку наврати беше сквернавено државното македонско знаме. Ова следува откако во текот на цел ден се славеше денот на албанското знаме, при што колона од стотина возила се движеа кон централното градско подрачје.
Еден од присутните на прославата на денешниот ден на албанското знаме уништи и искина државно знаме на Македонија, а видеото од инцидентот е објавено на социјалната мрежа Икс. Според објавата е снимена во близина на Бит-пазар за време на прославата на денешниот ден на албанското знаме.