Општина Велес на својата веб-страница објави дека и годинава ќе организира Новогодишен базар на ракотворби. Тезгите ќе бидат поставени во Младински парк. По тој повод ги повикуваат сите заинтересирани граѓани, правни и физички лица да поднесат барање за тезга во Граѓански сервис центар. Рокот за пријавување е до 6 декември 2024.
Од Општина Велес појаснуваат дека заедно со барањето правните лица треба да достават копија од тековна состојба, додека физичките лица копија од лична карта.
Минатата година Општина Велес последните денови од декември пред Нова година организира неколкудневен Новогодишен базар кој го посетија голем број на велешани, а најмногу се израдуваа најмладите –децата.