Вчера во Медијатеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес, роднокрајниот автор Емилио Јанковски го промовираше своето автобиографско дело, „Исповед“. Ова е негово петто дело.
Книгата е напишана во вид на писма пишувани во период од една годината и се испраќани до духовниот брат.
Авторот рече дека оваа книга може да прирачник, водич – за пронаоѓање на изгубениот идентитет, советување за депресија, советување за исцелување од нервоза. Извадоци од книгата читаше Лилјана Цекова, а Татјана Митревска даде свој осврт кон нејзината содржина и значење. За поопуштена атмосфера допринесе Игор Младенов со музички точки.