Учениците, наставниците и вработените во „Гимназијата Кочо Рацин“ во Велес, ја покажаа нивната хуманост. Даруваа вкупно 26 крвни единици. Крводарителската акција се реализира по повод патрониот празник на училиштето. 15-мина од нив даруваа за прв пат и станаа дел од најхуманото семејство во државата.
Во реализација на Акцијата учествуваа волонтери на Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес и екипа на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.
На трите крводарителки акции кои есенва се одржаа во велешките средни училишта вкупно се даруваа 84 крвни единици, а дури 51 од дарители тоа го направија за прв пат.