Кошаркарите на Борец Баскет го продолжуваат походот кон првото место во Втората кошаркарска лига со натпревар на домашен терен против минатогодишниот прволигаш екипата на Охрид.
Охриѓани се во серија од четири победи во последните пет натпревари и се наоѓаат на шестата позиција. Велешани пак со уште една победа ќе обезбедат лидерска позиција пред стартот на пролетниот дел.
Натпреварот ќе се одигра во спортската сала „Гемиџии“ во Велес во недела со почеток од 16 часот. Судии на овој натпревар ќе бидат Златевски, Панов и Антовски.