Три земјотреси се регистрирани во Македонија ноќеска. Најсилниот земјотрес, со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала, се случил во околината на Гевгелија. Епицентарот бил лоциран на 16 километри од градот, а потресот бил почувствуван и од жителите на Дојран.
Набргу потоа, во истиот регион, бил регистриран уште еден земјотрес со јачина од 2,2 степени.
Третиот земјотрес, со јачина од 2,5 степени, бил регистриран во северниот дел од земјата, во близина на граничниот премин „Блаце“ на македонско-косовската граница. Овој потрес го почувствувале жителите на Скопје и околината.
И покрај трите земјотреси, засега нема информации за предизвикани штети или повреди.