Велешката полиција упаси двајца млади велешани на наплатната станица Сопот, атоа што при преглед во патничко возило „фиат“ со велешки регистарски ознаки, била пронајдена и одземена зелена растителна материја
„На 16.12.2024 во 20.30 часот на наплатна станица Сопот, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес ги лишиле од слобода Н.А.(25) и Д.Ј.(19), двајцата од Велес, затоа што при преглед во патничко возило „фиат“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал Н.А., а сопатник бил Д.Ј., била пронајдена и одземена
зелена растителна материја“, информираа од СВР Велес.
Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.