Куманово по втор пат сезонава го совлада Фруитленд Борец

Kumanovo Fruitlend Borec

Ракометарите на Фруитленд Борец со пораз ги завршија натпреварите во ракометната Супер лига за оваа календарска  година. На гостувањето во Куманово тие беа поразени со резултат 32:25.

Zito akcija 640x289px

Велешани одлично го отворија натпреварот и го диктираа резултатот до средината на првиот дел до резултат 7:7. Потоа следуваше пад во играта кој го искористија домашните ракометари и на полувреме се замина со резултат 16:11 за Куманово.

Agria

Во второто полувреме Фруитленд Борец дојде до 22:20, но тоа беше се што успеаја да напрват. Одново пад во играта кој домашниот тим знаеше да го искористи и дојде до четвртиот триумф во сезоната а втор против Фруитленд Борец. Црна дамка на овој натпревар беше повредата на Тоше Ончев, кој беше изнесен на раце од теренот, но од клубот изјавија дека не се работи за посериозна повреда.

Натпреварите од Супер лигата продолжуваат на почетокот на февруари следната година, по завршување на Светското првенство во ракомет. Во првото, односно 17 пролетно коло во Велес ќе гостува екипата на Охрид.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: