На 19.12.2024 во 14.30 часот во СВР Велес, М.Д.(29) од Велес пријавил дека неговата малолетна ќерка Ј.И.(12) се оддалечила од семејниот дом.
Според пријавеното, таа телефонски контактирала со него и го известила дека била кај малолетник во населба Шуто Оризари во Скопје и дека сакала да остане кај него.
СВР Велес презема мерки за пронаоѓање на лицето.