На 21.12.2024 во СВР Велес било пријавено дека околу 09.40 часот на улица „11-ти Октомври“ во Велес, патничко возило „фолксваген поло“ со велешки регистарски ознаки, управувано од П.Н.(30) од Велес, удрило во 80-годишната К.К. од Велес.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.К., констатирани во болницата во Велес“, информира МВР.
По овластување на јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.