Kozuvcanka Web Banner_600x200 Srekna nova 2025

Костова: Мицкоски ги потценува граѓаните, тој им даде амин на трговците да ги покачат цените

Потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, реагира на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски оценувајќи дека ја навредува интелигенцијата на граѓаните.

Zito akcija 640x289px

„Само затоа што куповната моќ е мала, не значи дека е мала и способноста за расудување на граѓаните. А, граѓаните добро знаат дека Мицкоски прво им даде доволно време на трговците да ги покачат цените, за да денес вели дека срамота било ова што го правеле. Мицкоски двојно ги потценува граѓаните: прво преку празнење на нивните џебови, а сега и преку навредување на нивната интелигенција.
Затоа неговото кревање раменици и лошо изглумена грижа не проаѓаат. Самиот Мицкоски им даде и амин и време на трговците вртоглаво да ги качат цените“, пишува Костова.

Agria

Според неа, на сите им е јасно дека Мицкоски е слуга на интересите на големиот капитал, а не на интересите на обичните граѓани.

„И сега, на пет-шест часа пред католички Бадник, тој ќе преземал нешто.

Што би рекле старите „после свадба – тапани.“

Тие евтини приказни за вџашеност од аздисот на трговците нека им ги кажува на нив.

Откако Азески ќе му нареди да си седне на столчето. Ако смее, де“, стои во објавата на Костова на Фејсбук.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: