Kozuvcanka Web Banner_600x200 Srekna nova 2025

Филмот „Стела“ дел од образовните програми во Шведска за учење на македонскиот јазик и култура

Македонскиот долгометражен филм „Стела“, кој освои големо внимание на меѓународната сцена, сега ќе биде дел од образовните програми во Шведска. Ова признание е од исклучителна важност за македонската кинематографија, бидејќи филмот ќе се користи како средство за учење на македонскиот јазик и за запознавање со културата и природата на Македонија.

Zito akcija 640x289px

Филмот „Стела“ е избран како едукативна алатка во шведските образовни центри заради неговиот визуелен и емоционален карактер, кој го прави наставниот процес побогат и повпечатлив. Иницијатори на проекот се професорките по македонски јазик Павлина Велјаноска и Тереза Шалевска-Мирчева. Професорката  Велјаноска.

Agria

„Стела“ е првата македонска зелена продукција, создадена во копродукција помеѓу „Дрим фектори“ (Македонија), „Акција продукција“ (Србија) и „Моуна“ (Германија), со поддршка од Агенцијата за филм на Македонија, Филмскиот центар на Србија и Филмскиот фонд на Баден Вуртемберг во Германија. Режисер на филмот е Стојан Вујичиќ, а продуцент е Огнен Антов.

Во огромната филмска екипа која работеше на овој филм, се наоѓаа и двајца велешани, без кои, филмот немаше да изгледа така, како што го замислил режисерот Стојан Вујичиќ. Монтажата на филмот ја потпишува Данчо Стефков, човек кој долги години е присутен во филмската индустрија во земјава. Тој е автор или ко-автор на многу документарни и играни филмови, како „Македонска Миланска скала“, поетскиот филм „Елегија за тебе“, истражувачкиот документарец „Гробот на Панко Брашнаров“, играно-документарниот филм „Последниот Македонец“ и уште многу други, а пред „Стела“, работеше и на играниот филм „Дедо и внук“. Стефков е сопственик на „Тулип продукција“, која, пак се потпишува на бројни музички и комерцијални фимови.

Еден од главните ликови во „Стела“ е истоименото куче – шарпланинец, кое е сврзувачкото ткиво на разделеното семејство од филмот. За да ги „одигра“ сцените така како што режисерот Вујичиќ замислил, за Стела беше задолжен дресерот, сега веќе покојниот велешанец Ристе Гиовски.

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: