Kozuvcanka Web Banner_600x200 Srekna nova 2025

Велешаните Спасиќ и Гугинов со две бронзени медали од Меморијалниот натпревар „Тибор Шарамо“ во Загреб

Spasik i Guginov Hrvatska

Љубомир Спасиќ  го освои третото место кај сениорите, а Благој Гугинов го освои третото место кај јуниорите на меѓународниот кајакарски натпревар, новогодишен спуст и Меморијален натпревар „Тибор Шарамо“, во Загреб.

Zito akcija 640x289px

Тоа е единствената зимска трка на реката Сава, која благодарение на необичниот датум на одржување и можноста за натпреварување за сите љубители на спортот кајак-кану, одамна ги премина границите на локалната трка.

Agria

Првата новогодишна трка во спуст се одржала на 3 јануари 1971 година, врз основа на идејата на тогашниот новинар на Спортски новости Тибор Шарамо, кој заклучил дека зимскиот период во Загреб е идеален за промоција на кајак и кануа, бидејќи повеќето други спортистите во тоа време мируваат.

На овој Меморијален натпревар учествуваат 110 натпреварувачи од четири држави, а организатор е Загребската кајакарска асоцијација и Загрепскиот кајак кану клуб.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: