“Спејс икс” успешно ја лансираше ракетата “Фалкон 9” и сондата “Кру драгон”. Тимот на НАСА им посака на астронаутите успешна мисија во вселената, а тие се заблагодарија на можноста да учествуваат во оваа 19 часовна мисија.
“Фалон 9” е на компанијата “Спејс Екс” на милијардерот Илон Маск со што се испиша историја бидејќи за првпат еден приватник испрати ракета со екипаж.
Пилотирањето со капсулата ќе го прават двајцата астронаути кои се наоѓаат во неа, Боб Бенкен (49) и Даг Харли (53), кои ќе поминат неколку недели на Меѓународната вселенска станица и ќе му помагаат на екипажот кој веќе се наоѓаат во вселенската лабораторија.
“Ова е неверојатно, сила, технологија! Беше прекрасно”, кажа претседателот на Америка, Доналд Трамп.
Ова е прво американско ласнирање на ракета од американска територија со човечки екипаж после девет година пауза.
Шатл програмата за превоз на луѓе и товар на МВС беше запрена од НАСА во 2011 година, кога агенцијата во вселената го испрати својот последен шатл, “Атлантис”.