Kozuvcanka Web Banner_600x200 Srekna nova 2025

Филипче: Ги осудувам иредентистичките изјави на Костадинов, очекувам реакција од официјална Софија и ЕУ

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, ги осуди иредентистичките изјави а претседателот на крајнодесничарската бугарска партија Преродба, Костадин Костадинов и побара реакција од Софија и осуда од страна на Европската унија.

Zito akcija 640x289px

„Најостро ги осудувам иредентистичките изјави на лидерот на крајнодесничарската бугарска партија Преродба, Костадин Костадинов, со кои тој го поткопува суверенитетот и достоинството на Република Северна Македонија и негира посебниот македонски етнички идентитет. Негирањето на посебноста на македонскиот јазик, идентитет и историја претставува директно кршење на принципите на меѓународното право и основните вредности на Европската унија“, наведува Филипче.

Повикувам и очекувам официјална Софија јасно и недвосмислено да се огради од изјавите на Костадинов, кои се во спротивност со европските вредности и принципите на добрососедство. Ја повикувам Европската унија јасно да го осуди ваквиот однос, кој ги поткопува универзалните човекови права и европските вредности, и да покаже дека ваквите изјави немаат место во ЕУ, потенцира претседателот Филипче.

Претседателот на СДСМ очекува македонската влада итно да соопшти конкретни мерки за спречување на ваквите иредентистички изјави и активности и да преземе активности за заштита на македонското национално достоинство и интереси.

„Секој обид за негирање на македонската посебност е неприфатлив и директно спротивен на европските вредности за почитување на различностите“, потенцира претседателот Филипче.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: