Тоше Ончев иако се јави на првата прозивка на Владимир Глигоров за старт на зимските подготовки, сепак нема да биде дел од тимот во пролетниот дел. Тоше Ончев својата кариера ќе ја продолжи во втората по квалитет ракометна лига на Шпанија, во тимот на Новас. Ончев ќе се обиде да му помогне на Новас во борбата за опстанок во лигата, бидејќи по 15 одиграни кола се наоѓаат на 13 место со 10 освоени бода.
27-годишниот велешанец замина од Фруитленд Борец по една полусезона каде беше еден од најдобрите играчи. Тој играше во скопски Вардар, а покрај Фруитленд Борец во Македонија има настапувано за Охрид и Голден Арт. Покрај новиот нов интернационален предизвик Шпанија, Ончев има настапувано во Франција, Словенија и Грција.
Фруитленд Борец ќе биде видно ослабен во борбата за опстанок во дебитантската сезона, но од клубот најавија дека наскоро се очекува нови засилувања во тимот.