30 years Kozuvcanka Web Banner_600x200

Родителите признаваат дека не знаат како да реагираат на детскиот гнев: Психолозите откриваат што е најважно

Родителите треба да се борат со различното расположение и однесување на децата. Едноставно, тоа е дел од нивната „работа“. Од состојбата во која радосно скокаат по дома до онаа во која плачат и се лутат за секоја ситница, малите, како и возрасните, се соочуваат со многу различни емоции. Меѓутоа, разликата е во тоа што децата често не знаат како да се справат со своите чувства, па затоа мајките и татковците треба да им помогнат во тоа.

Zito akcija 640x289px

Истражувањата, сепак, покажале дека родителите најтешко се справуваат со една емоција кај нивните потомци – гневот.

Agria

Во САД била спроведена студија во која научниците го анализирале однесувањето на родителите и децата на возраст од шест до 12 години, а резултатите се многу интересни. Дури 54 отсто од родителите се плашат дека им даваат лош пример на децата како ефикасно да се справат со гневот, додека 12 отсто се загрижени дека гневот на децата ќе им направи проблеми подоцна во животот, а 63 отсто признаваат дека се несигурни како да му помогнат на своето дете да се справи со таа емоција.

Се чини дека најзагрижени се родителите на момчињата, а 43 отсто изјавиле дека нивното дете претрпело негативни последици во изминатата година поради својот гнев бидејќи се повредувало себеси или другите, или имало проблеми на училиште или, пак, со пријателите. Кога станува збор за девојчињата, 33 отсто од нив го пријавиле истото.

Околу 14 отсто од родителите веруваат дека нивното дете чувствува лутина почесто од неговите врсници, а научниците додаваат дека тоа се родителите кои се загрижени дека понекогаш им даваат лош пример на своите деца во однос на тоа како да се справат со сопствените чувства на гнев. Научниците додаваат дека гневот е сосема нормална емоција и дека родителите треба да запомнат оти децата сè уште учат како да се справат со него.

„Не постои такво нешто како детски гнев што е надвор од границите на нормалата бидејќи различни деца реагираат различно, не постои правилен или погрешен начин да се почувствува емоција“ – вели психологот Тамар Кахан.

Понизок праг на толеранција кај денешните деца

Научниците сакале да истражат дали современите притисоци, како оние од социјалните мрежи, се виновни што децата се полути од кога било досега. Д-р Кахан, сепак, има поинакво објаснување.

„Тие можеби имаат помала толеранција за фрустрација и помалку развиени адаптивни вештини за изразување фрустрација и гнев. Делумно, тоа е затоа што тие имаат помалку можности да вежбаат одложување на задоволството и да научат како да чекаат, бидејќи имаат толку многу моментални задоволства.

Секако, судејќи според резултатите од студијата, јасно е дека кога родителите ќе покажат здрави начини на справување со гневот, и децата ќе бидат подобри во тоа.

„Не можам доволно да нагласам колку е важно да им се помогне на децата да научат подобро да ги регулираат своите емоции“ – вели д-р Кахан.

Детскиот психолог Кејтлин Славенс додава дека децата учат како да се справуваат со гневот гледајќи ги родителите.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: