Фудбалскиот клуб Борец 1919 го засили нападот со доведувањето во своите редови на 22-годишниот напаѓач Бујар Хајдари. Талентираниот фудбалер доаѓа со искуство од албанската фудбалска лига.
Хајдари, кој во својата кариера настапуваше за ФК Скопје и ФК Работнички, се приклучи на велешкиот тим со цел да го зајакне нападот на велешани. Младиот напаѓач има искуство и од настапите во соседна Албанија, што дополнително ја потврдува неговата вредност.
Од клубот очекуваат дека новото засилување ќе донесе дополнителен квалитет во нападот и ќе придонесе за подобри резултати во продолжението на сезоната. Хајдари веќе започна со тренинзите со новите соиграчи и се очекува наскоро да го има својот деби во дресот на Борец 1919.