Реклама

(ВИДЕО) Повици за Џихад пред револтирани верници кај велешката Црна џамија

protest crna dzamija

Група верници од исламска вероисповед протестираше пред велешката Црна џамија, против, како што велат, навредите упатени кон Алах, искажани од лице, чиј идентитет од видеото постирано на социјалните мрежи, не може да се открие.

Zito akcija 640x289px

Пред насобраните верници говорат двајца граѓани на Велес, од кои вториот упатува закани со војна.

Agria

„Ако некој го навредува нашиот господар и пратеник, ние ќе бидеме револтирани на овој случај и ќе правиме се како што ни е должност според Коранот. Ако ова се повтори уште еднаш, ние заедно ќе можеме да војуваме против овие луѓе кои го прават тоа“, вели вториот говорник, кој повикува на Џихад, односно да војуваат во името на Алах.

Настанот се случи вчера, а според видеото, насобраните верници на неколку пати во текот на говорите извикуваа „Алаху екбер“.