Kozuvcanka Web Banner_600x200 Srekna nova 2025

Владата не ги заштити граѓаните, велат од „СДСМ“ за најавениот бојкот на маркетите

СДСМ ја обвинува Владата дека не ги заштитила граѓаните, па оттаму се најавите за бојкот на маркетите кои се шират на социјалните мрежи. Од партијата на Венко Филипче велат дека со месеци апелирале и нуделе конкретни решенија за проблемот со цените.

Zito akcija 640x289px

„Наместо ВМРО-ДПМНЕ да ги прифати веќе проверените мерки со кои СДСМ се бореше со ценовните шокови, тие решија да го остават проблемот и да го менаџираат со лажни кошнички. Резултатот го гледаме денес, осиромашени граѓани кои треба да бираат кој од основните производи да го купат, истакнаа меѓу другото од „Бихаќка“, барајќи од Владата итно да донесе мерки за заштита на граѓаните.

Agria

На социјалните мрежи се споделува фотографија која повикува на бојкот на маркети на ден 31.01.2025 (петок) под мотото „Попусто попусти кога цените се исти“.

„Хрватите не случајно се во ЕУ. Ајде да видиме колку сме ние на тој пат – Mалку е еден ден, сите ќе испазарат за цела недела и ефект нула – Би сакала ова да успее, треба да сме здружени“, се само дел од коментарите на граѓаните на социјалните мрежи.

Од Левица за „Локално“ соопштија дека поддржуваат евентуална акција, но, бараат системски мерки од Владата. Според партијата на Димитар Апасиев, ако Владата продолжи со игнорирање на проблемите, Левица ќе размисли за покренување слична иницијатива или заедничка акција со синдикатите и граѓанските здруженија.

Бојкот на маркетите, продавниците и бензиските пумпи веќе имаше низ Хрватска минатиот петок. Акцијата беше оценета како успешна и постојат најави да продолжи. За овој петок се најавуваат слични бојкоти и во Црна Гора, БиХ и Словенија.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: