Ракометарите на Фруитленд Борец го забележаа првиот пораз во контролните натпревари пред стартот на вториот дел од ракометната Супер лига. Во Скопје, домашниот состав на Пролет беше подобар од велешкиот ракометен суперлигаш Фруитленд Борец со резултат 35:32, полувреме 17:14
Дуелот меѓу помеѓу овие суперлигашки ривали беше добра можност за двајцата тренери да им дадат шанса на сите ракометари, а поумешни на теренот беа избраниците на Никола Матлиески, кои на крајот се радуваа на победата.
Веќе денес велешани ќе имаат тест натпревар во Кавадарци против екипата на Тиквеш, а стручниот штаб во меѓувреме договори уште еден квалитетен противник во името на Вардар од Скопје со кого ќе одиграат контролен натпревар во петок во Скопје.