Kozuvcanka Web Banner_600x200 Srekna nova 2025

Мостот кај Башино Село ќе се пушти за сообраќај за два-три дена?

Most Basino selo

Има голема можност за два до три дена мостот на Вардар кај Башино Село на влезот од Велес повторно да се пушти за сообраќај само во средината на мостот со поставување граничници, каде се средните столбови на мостот кои се неоштетени. Сообраќајот од едната и другата страна на мостот ќе се регулира со семафори, а брзината за движење на возилата ќе биде ограничена на 30 километри на час. Ваквото привремено решение е со цел да се растерети соораќајот на градот, додека се реконструиран мостот, а во очекување на избор на фирмата која Јавното претпријатие за државни патишта деновиве треба да ја одбере за изведувач на работите на мостот, информира градоначалникот Марко Колев на денешната 60-та седница на Советот на Општина Велес, одговорајќи на советничко прашање.

Zito akcija 640x289px

Тој појасни дека во наредните два-три дена за тоа треба да одлучат стручњаците од Градежниот Факултет од Скопје заедно со претставници од ЈПДП, а по утрешните последни испитувања на мостот, кога ќе се изврши испитување со специјално возило ќе се види поединечно состојбата на секој од 50-тината столбови на мостот.

Agria

Колев појасни дека на мостот ќе биде поставена и специјална мониторинг опрема набавена од Словенија, со која ќе се врши 24 часовен мониторинг на мостот, односно на возилата кои сообраќаат по него.

Воедно, појасни дека со ваквото привремено решение за сообраќај во средината на мостот нема да се попречат градежните работи кои ќе се одвиваат воглавно под мостот, на зајакнување на главните и странични столбови. Градоначалникот Колев информира дека санацијата на мостот кај Башино Село ќе чини 320 илјади евра.

„Од досегашниот мониторинг на мостот имаме добри резултати. Ќе направиме се и ние од Општината и стручњаците од Градежниот факултет и од ЈПДП, повторно времено да се оспособи сообраќајот на мостот, а паралено да се одвива и реконструкцијата на мостот, затоа што работата на столбовите не влијае дали горе ќе има сообраќај. Правиме се макар и еден процент да го олесниме животот на граѓаните“, потенцира Колев.

Воедно потсети дека покрај оваа времено решение за санација на мостот, Владата работи на трајно решение, а тоа е изградба на Нов мост на Вардар на 50 – тина метри подолу од постоечкиот во Речани, за што веќе била одбрана и фирма проектант на Новиот мост на Вардар кај Велес.

Премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Велес на 4 јануари годинава кога мостот беше запрен за сообраќај им вети на велешани дека по завршување на сите процедури,со поддршка на Владата кон средината на годинава ќе започне изградбата на Нов мост на Вардар на влезот во Велес.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: